Сектори

НОЌНИ ПЕДИЈАТРИСКИ ПУНКТОВИ ВО „ЈАНЕ САНДАНСКИ“, „БИТ ПАЗАР“ И „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“

Во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Ѓорче Петров“ од 1 јануари 2019 година ќе почнат со работа ноќните педијатриски пунктови. Овие пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Ѓорче Петров“ и „Бит Пазар“, за граѓаните ќе бидат отворени секој работен ден од 19:30 до 7:30 часот, вклучувајќи и ги и лабораториите за испитување крв и урина, […]

КЛИНИКАТА ЗА УВО, НОС И ГРЛО ПО 15 ГОДИНИ СО СОВРЕМЕНА ОПРЕМА ЗА ХИРУРШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ И НОВИ АПАРАТИ ЗА АНЕСТЕЗИЈА

По 15 години, Универзитетската клиника за уво, нос и грло, во Скопје, набави современа опрема за хируршки интервенции, како и нови апарати за анестезија. Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека со набавката на оваа нова софистицирана опрема, и обуките кои клиниката ги изведува секојдневно, Република Македонија ќе се вброи во редот на […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ И Д-Р ЃОРЃЕВ ОД ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ: ЗАЈАКНАТ ИМУНИТЕТ И ВНЕСУВАЊЕ ХРАНА БОГАТА СО ВИТАМИНИ, КЛУЧЕН ФАКТОР ЗА ЗАШТИТА ОД АЕРОЗАГАДУВАЊЕ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче и д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје одржаа прес-конференција на којашто ги посочија препораките и советите на здравствените власти за заштита на граѓаните од загадувањето на воздухот. Истакнувајќи дека борбата против аерозагадувањето е стратешки приоритет на Владата на Република Македонија, министерот за здравство, д-р Филипче истакна дека […]

КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП СО НОВИ АПАРАТИ И 50 НОВИ ВРАБОТУВАЊА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска заедно со Ален Георгијев, директор на Клиничката болница во Штип, го промовираа новиот апарат, видео-ендоскоп за гастроскопија и колоноскопија,  вреден 100 илјади евра. Овој современ апарат го набави Министерството за здравство, е наменет е за пациентите од Штип и околните места. Покрај ендоскопот, оваа болница доби и 10 […]

МАКЕДОНИЈА-ПРИМЕР ЗА УСПЕШНО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ ВЛАДАТА, ИНСТИТУЦИИТЕ И ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ВО СПРАВУВАЊЕ СО ХИВ ИНФЕКЦИЈАТА

По повод одбележување на 1 декември – Светски ден на борба против ХИВ/СИДА, денеска во Министерството за здравство се одржа прес конференција на која учествуваа министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и национален координатор за ХИВ, д-р Милена Стевановиќ, д-р Владимир Микиќ од Институтот […]

ДЕМАНТ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство остро ги демантира написите во некои медиуми во кои стои дека министерот Филипче, наводно „насила ги натерал студентите да го чистат Клинички центар, место да одат на час“. Должни сме на јавноста да и објасниме дека станува збор за акција, организирана во сабота, за време на викенд, во која ќе учествуваат околу […]

ПРЕЗЕНТИРАНИ НОВИНИ ВО ОБЛАСТА НА НЕФРОЛОГИЈАТА

Секцијата на медицински сестри и техничари на нефрологија, дијализа и трансплантација при нефролошката секција во рамки на ЗМСТАМ, викендов организираше едукативна средба на тема „Модалитети на бубрежна заместителна терапија“. На настанот, кој се одржува првпат по шест години, учествуваа 220 медицински сестри и техничари од целата држава, а во дискусијата се вклучија и доктори од […]

СПАСЕНИ ДВА ЖИВОТА ПО УСПЕШНО ИЗВРШЕНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА ОД ПОЧИНАТ ДОНОР КАЈ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска одржа прес конференција, по повод успешно извршената трансплантација од починат донор на Клиниката за урологија, во соработка со одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Станува збор за мултисекторски пристап, во кој активно се вклучени голем број лекари и друг персонал од КАРИЛ, Клиниката за урологија, за […]

ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЈАПОНСКА ПОМОШ ЗА ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ЗА НАБАВКА НА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА И РЕНОВИРАЊЕ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Јапонија, Н.Е Кеико Ханеда, и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска посетија неколку здравствени установи, каде јапонската влада даде грант за зајакнување на капацитетите со опрема и реконструирање на јавните здравствени установи. Во рамки на посетата, министерот Филипче изрази благодарност […]

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИ ДЕН НА ДИЈАБЕТЕСОТ 14 НОЕМВРИ

Министерството за здравство е целосно посветено на обезбедување квалитетен третман на сите пациенти со дијабетес мелитус. Сите лица на инсулинска терапија се соодветно снабдени со инсулин, односно има доволно количини од сите видови инсулин, посочи државниот секретар, д-р Владимир Милошев на денешниот настан по повод Светски ден на дијабетесот 14 ноември, кој годинава се одбележува […]