ПРЕС ЦЕНТАР

ДЕНЕСКА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 1022 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 60723 – ОЗДРАВЕНИ СЕ 680 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ СЕ 41 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, Струмица-26, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Крушево-2, Кочани-12, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод -5, Пехчево-1, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-14, Кичево-36, […]

ФИЛИПЧЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МЕРКИТЕ, БОЛНИЦИТЕ И КАДАРОТ СЕ ПОД ГОЛЕМ ПРИТИСОК

Од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата, апелираше министерот за здравство, доц.д-р Венко Филипче во синоќешното интервју на телевизија Сител. Министерот рече докодлку заразата се шири со оваа динамика многу брзо ќе недостасуваат кревети и медицински кадар во болниците. […]

ФИЛИПЧЕ: ОБЕЗБЕДУВАМЕ КРЕВЕТИ И КАДАР, НО ОДИ СЀ ПОТЕШКО

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител истакна дека болничките капацитетите сé повеќе се исполнуваат, во инфективните одделенија во здравствените установи кои третираат ковид пациенти. Сите интерни одделенија и медицинскиот кадар се целосно мобилизирани. Здравствениот систем секојдневно се менаџира. Пациентите кои имаат полесна клиничка слика се пуштаат […]

СОСТАНОК НА МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ СО ДИРЕКТОРИТЕ НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ: СЕ РАЗГЛЕДУВА МОЖНОСТА ЗА ОТВАРАЊЕ НА НОВИ КОВИД ЦЕНТРИ

Министерот за здравство, доц д-р Венко Филипче претпладнево одржа состанок со директорите на сите клиники од клиничкиот комплекс Мајка Тереза во Скопје, на кој беше разгледана моменталната епидемиолошка состојба во однос на бројот на позитивни и болни пацинети, пациенти кои побарале и имале потреба од хоспитализација, наспроти бројот на слободни места и капацитетите на клиниките, […]

ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 28 ПАЦИЕНТИ, А ВКУПНО СЕ ЛЕКУВААТ 426 БОЛНИ СОМНИТЕЛНИ И ПОТВРДЕНИ ЗА КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 426 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно19 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализрани на Институтот за белодробни […]

ДЕНЕСКА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 990 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 47050 ОЗДРАВЕНИ СЕ 382 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ СЕ 24 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2655 тестирања, а регистрирани се 990 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-378, Куманово-48, Дебар-6, Штип-51, Прилеп-55, Тетово-39, Струга-27, Велес-54, Битола-44, Охрид-39, Кавадарци-24, Гостивар-54, Гевгелија-16, Струмица-19, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-27, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-9, Валандово-1, Виница-10, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-11, Кичево-14, […]

ДЕНЕСКА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 1168 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 46062 ОЗДРАВЕНИ СЕ 692 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ СЕ 18 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3353 тестирања, а регистрирани се 1168 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-513, Куманово-68,  Дебар-6, Штип-27, Прилеп-77, Тетово-65, Струга-40, Велес-36, Битола-58, Охрид-25, Кавадарци-29, Гостивар-30, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-19, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-3,  Валандово-6, Виница-5, Делчево-3,  Кратово-11, Свети Николе-33, Кичево-42, […]

702 ПАЦИЕНТИ СО СИМПТОМИ НА КОВИД-19 СЕ ЛЕКУВААТ ВО БОЛНИЦИТЕ ВО ЗЕМЈАВА, СЛОБОДНИ МЕСТА ИМА ВО РЕЧИСИ СИТЕ КОВИД ЦЕНТРИ

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во земјава е пријавено дека се лекуваат 569 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 133 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 вирусот кои болнички се лекуваат во ковид центрите е 702Во […]

ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА ХОСПИТАЛИЗОИРАНИ 40 ПАЦИЕНТИ СО СИМПТОМИ НА КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се примени нови 40 пациенти позитивни и суспектни на вирусот на ковид – 19. На интерните клиники имало вкупно10 приеми и тоа 6 во ковид центарот на Клиниката за Кожни болести и 4 пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката за […]