ПРЕС ЦЕНТАР

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска одржа работна средба со заменик-амбасадорот на Германија Петар Шалер, амбасадорот на Италија, Карло Ромео, амбасадорот на Холандија, Волтер Пломп и амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј. Целта на оваа средба беше да се продлабочи соработката со земјите на Европска Унија и да ги покажеме заложбите кон хармонизирање со […]

ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА „И РОДИТЕЛСТВОТО СЕ УЧИ“ ЗА ПОДДРШКА НА РОДИТЕЛИТЕ ДА ПОДИГААТ СРЕЌНИ, ЗДРАВИ И ПАМЕТНИ ДЕЦА

Министерството  за труд и социјална политика, Министерството за здравство и Министерството за образование и наука, заедно со Европската унија и УНИЦЕФ, денеска започнаа кампања насловена како „И родителството се учи“. Отворајќи дискусија за детскиот развој и човечкиот напредок, кампањата има за цел да го сврти вниманието кон потребата родителите да се поддржат во подигање самоуверени, учтиви […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ПОЧНУВА ОД УТРЕ

Министерот за здравство, Доц. д-р Венко Филипче, денеска одржа прес-конференција, на која информираше дека вакцинацијата против сезонски грип почнува утре (05.11.2018 година) во сите Центри за јавно здравје во земјава. Годинава обезбедени се 41.000 дози вакцини. За првпат годинава, Министерството набави 28.000 дози на вакцина, која е бесплатна за лицата над 65 години со пензија […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА ОДБРАНА НА VI-ТИ ПЕРИОДИЧЕН ИЗВЕШТАЈ ПО КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА СИТЕ ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ЖЕНАТА ВО ЖЕНЕВА

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска присуствуваше на одбрана на VI-ти Периодичен Извештај по Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жената во Палатата на Нациите, во Женева, Швајцарија. Во состав на делегацијата беше и Министерот за здравство,  д-р Венко Филипче, како и […]

ШКОЛИТЕ ЗА РОДИТЕЛСТВО ЌЕ ПОЧНАТ ДА ФУНКЦИОНИРААТ ОД ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА НОЕМВРИ

Во организација на Министерството за здравство и тимот на „Роса“ се организира обука за здравствени работници (педијатри, неонатолози, акушерки и медицински сестри) од Здравствен дом-Скопје, Клиничка болница-Битола и болницата во Гостивар, со цел пренесувaње на знаењата за успешно функционирање на школите за родителство. Обуката се одржува во Институт за јавно здравје на Р.Србија. Школите за […]

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ КАПАЦИТЕТИ ВО УСЛОВИ СО БЕГАЛСКАТА И МИГРАНТСКА КРИЗА

Министерството за здравство во соработка со УНФПА – Фонд за население на Обединети нации и Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА во периодот  до 29 до 31 октомври 2018 година, организира обука на тема „Минимален пакет на услуги за сексуално и репродуктивно здравје во кризни состојби“. Обуката произлегува од искуството со бегалската и […]

РАБОТИЛНИЦА НА МЗ И СЗО ЗА ИНИЦИРАЊЕ МУЛТИСЕКТОРСКА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА НЕЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

Во организација на Министерство за здравство и Светската здравствена организација денеска во Скопје се одржува дводневна работилница за иницирање и имплементација на Акциски план за незаразни болести. Работилницата има за цел да иницира мултисекторска имплементација на Акцискиот план за незаразни болести, како и детално планирање на активностите за периодот 2019-2020 година, во која претставниците на […]

Потпишан заеднички Меморандум за обезбедување психолошка поддршка на пациентите и нивните семејства

Министерот Венко Филипче и претседателката на Комората на психолози, Мирјана Јовановска-Стојановска денеска потпишаа Меморандум за разбирање, со што почнува заедничка соработка меѓу Министерството за здравство и Комората на психолози на Република Македонија во здравствените установи. Со овој Меморандум, отвораме можности за соработка, со цел обезбедување психолошка поддршка на пациентите и нивните семејства, особено на онколошките […]

ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НЕМА ПОТВРДЕН СЛУЧАЈ НА ЗАПАДНО-НИЛСКА ТРЕСКА

Во врска со објавата на 1ТВ од 27.10.2018 година во 20:21 часот – „1ТВ дознава: Западнонилската треска пристигна во земјава“, Министерство за здравство ги отфрла инсинуациите и шпекулациите наведени во текстот дека случај на западнонилска треска е откриен на инфективното одделение во болницата „8-ми Септември“. Кај ниту еден пациент во Република Македонија не е потврдено […]

СО ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА ЌЕ СЕ ОСТВАРИ ПРАВОТО НА ЖЕНАТА НА БЕЗБЕДЕН АБОРТУС

Министерството за здравство го почна процесот за промена на Законот за прекинување на бременоста. По повеќе месечните консулатиции со претставници на граѓанските организации, целосно инклузивно и отворено ги прифативме забелешките на сите засегнати страни, како и препораките на меѓународните организации и Светската здравствена организација. Волјата на жената ќе биде на прво место. Со предлог измената […]