ДЕЛЕГАЦИЈА ОД МЗ НА БИЛАТЕРАЛЕН СКРИНИНГ ВО БРИСЕЛ

 

Претставници од Министерство за здравство беа дел од македонската делегација која имаше 26 презентации и успешно е завршен билатералниот скрининг за поглавјето 28, посветено на „Заштита на потрошувачи и јавно здравје“.

Сугестиите и препораките се добиени и тие ќе дадат насока што можеме да направиме, а добивме информација дека се подготвуваат и нови законодавни обврски во ова поглавје.

🇲🇰🇪🇺ЕУ има највисок праг на заштита на потрошувачите во светот, што е наш предизвик во напорите да ги постигнеме овие стандарди подобро и за нашите граѓани.
Интегрирани сме во различни експертски групи и во постојана соработка со колегите од Директоратот за јавно здравје.

Сподели на:

Related Posts