Денес се одржа работна средба на министерот д-р Беким Сали, заменик министерот д-р Владимир Рендевски со професорите од Медицински факултет во Скопје, проф. д-р Лазе Тодоровиќ од Клиниката за детска хирургија и проф. д-р Зоран Божиновски од Клиниката за ортопедија.На средбата беше разговарано за предлог проектот за современ хируршки пристап во лекување пациенти со церебрална парализа на возраст од 1 до 18 години. Се работи за проект што вклучува тимски пристап на доктори специјалисти од Клиниката за ортопедија, Клиниката за детска хирургија и Клиниката за неврохирургија што ќе опфати комплексни хируршки процедури со цел корекција на одот, намалување на спастицитетот и подобрување на квалитетот на животот кај овие пациенти.Проектот предвидува и опремување на простор, како и дополнителна едукација на специјалистите од оваа област за обезбедување најсовремена здравствена заштита на пациентите со церебрална парализа кај нас.
Related Posts
ПРОЕКТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И СТАТУСОТ НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ
декември 18, 2024
СРЕДБА ТАРАВАРИ СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР КАЗУЈА
декември 11, 2024