Министерот за здравство, Беким Сали денеска ја посети Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Скопје, Чаир.- Оксана од Украина на свет донесе девојче, тешко 3.890 кг и долго 54 см. Таа и новороденчето се во добра состојба, тимот од гинеколози, педијатри и медицинските сестри се грижат за нив и тие се во сигурни раце- посочи Сали, посакувајќи и добро здравје и среќни моменти. Во раговорот со неа, таа информираше дека е задоволна од здравствената услуга и дека одлично се чувствува.
Related Posts
МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ УЧЕСТВУВА НА 74. РЕГИОНАЛЕН СОСТАНОК НА СЗО
октомври 29, 2024
ПОТПИШАН ЗАЕДНИЧКИ МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ СО УНОПС
октомври 17, 2024