ДЕНЕСКА ПОТВРДЕНИ 7 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19, ОЗДРАВЕНИ СЕ 47 ПАЦИЕНТИ, ПОЧИНА 1 ЛИЦЕ

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти во: Скопје-9, Куманово-9, Прилеп-8, Тетово-13, Охрид-1, Гостивар-5, Кочани-1 и Крива Паланка-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.

Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441. Последната дистрибуција по градови е следна:
•        Скопје – 512
        Куманово – 401
        Дебар – 51
        Штип-34
        Прилеп –159
        Тетово – 90
        Струга – 67
        Велес – 77
        Битола –19
        Охрид –15
        Кавадарци – 5  
        Гостивар –17
        Гевгелија – 4
        Струмица – 2
        Крива Паланка-5
        Радовиш – 4
        Крушево – 3
        Кочани – 31
        Пробиштип – 2
        Кичево – 2
        Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)        
        Демир Хисар – 1
        Македонски Брод -2
        Пехчево- 2
        Делчево-1
        Валандово -1
        Виница – 2
        Кратово-1

Направените 113  теста се преку: ИЈЗ –108, Ветеринарен ф-тет -0 , Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  -0 и МАНУ -5.  Досега во земјата се направени вкупно 17359 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 24. На респираторна машина се 5 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 46 позитивни и суспектни на ковид-19.

Сподели на:

Related Posts