ДЕНЕСКА СЕ ПОТВРДЕНИ 101 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД – 19, ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 2492, ОЗДРАВЕНИ СЕ 10 ПАЦИЕНТИ-ПОЧИНАТИ СЕ 4 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-3, Кочани-3, Пробиштип-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти и 4 починати. Оздравените се од: Тетово-8 и Велес-2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84 годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациент од Тетово (75г) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71г) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58г) примен на 30 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2492, бројката на оздравени пациенти е 1605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742. Последната дистрибуција по градови е следната:

•             Скопје 987, активни 396

•             Куманово 481, активни 66

•             Дебар 51, активни 0

•             Штип 111, активни 76

•             Прилеп 213, активни 30

•             Тетово 236, активни 82

•             Струга 90, активни 18

•             Велес 133, активни 28

•             Битола 28, активни 3

•             Охрид 24, активни 7

•             Кавадарци 6, активни 1

•             Гостивар 32, активни 11

•             Гевгелија 4, активни 0

•             Струмица 4, активни 2

•             Крива Паланка 6, активни 0

•             Радовиш 4, активни 0

•             Крушево 3, активни 0

•             Кочани 41, активни 10

•             Пробиштип 5, активни 3

•             Демир Хисар 1, активни 0

•             Македонски Брод 2, активни 0

•             Пехчево 3, активни 0

•             Берово 1, активни 0

•             Валандово 2, активни 1

•             Виница 3, активни 1

•             Делчево 1, активни 0

•             Кратово 3, активни 1

•             Свети Николе 2, активни 2

•             Кичево 3, активни 1

•             Неготино 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 974 теста се преку: ИЈЗ –434, ЦЈЗ Скопје-40, Авицена –88, Биотек -129, Жан Митрев (Филип Втори) –101 , Систина со PCR метода -89 и МАНУ -93.  Досега во земјата се направени вкупно 32161 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.

Во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. Од нив 22 се потешко болни и на кислородна поддршка.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 34 пациент. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 9 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 16, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 26 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Сподели на:

Related Posts