ДЕНЕСКА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 168 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19-ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 7572, ОЗДРАВЕНИ СЕ 70 ПАЦИЕНТИ, ПОЧИНАТИ СЕ 3 ЛИЦА


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1470 естирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-83, Куманово-8, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-26, Струга-5, Битола-2, Охрид-8, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица од: Скопје-48, Тетово-18, Велес-1, Гостивар-1, Кочани-1, Ресен-1.
Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, кај која вирусот е потврден постмортем.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572, бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586. Од вчерашните тестови два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3656, активни 1928
• Куманово 818, активни 179
• Дебар 120, активни 67
• Штип 411, активни 166
• Прилеп 289, активни 58
• Тетово 831, активни 351
• Струга 288, активни 187
• Велес 198, активни 36
• Битола 65, активни 24
• Охрид 218, активни 189
• Кавадарци 22, активни 15
• Гостивар 188, активни 115
• Гевгелија 12, активни 3 (2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци) • Струмица 18, активни 10 • Крива Паланка 18, активни 12 • Радовиш 4, активни 0 • Крушево 8, активни 4 • Кочани 76, активни 17 • Пробиштип 30, активни 19 • Демир Хисар 3, активни 2 • Македонски Брод 7, активни 5 • Пехчево 6, активни 2 • Берово 3, активни 0 • Валандово 6, активни 2 • Виница 4, активни 1 • Делчево 1, активни 0 • Кратово 6, активни 3 • Свети Николе 58, активни 51 • Кичево 58, активни 49 • Ресен 129, активни 88 • Неготино 21, активни 3 ( 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1470 теста се преку: ИЈЗ-684, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-112, Биотек-112, МАНУ -121, Жан Митрев (Филип Втори) -235, Систина со PCR метода -150, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-19. Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 360
• Аеродром – 166
• Бутел – 156
• Гази Баба – 210
• Центар – 156
• Карпош – 153
• Сарај – 140
• Кисела Вода – 114
• Ѓорче Петров – 111
• Студеничани – 121
• Шуто Оризари – 89
• Арачиново – 46
• Илинден – 34
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 18
• Сопиште – 7
• Зелениково- 13
• Странец – 5
• Нераспределен- 11

Сподели на:

Related Posts