Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева имаше поздравно обраќање на конференцијата по повод финализирање на извештајот од Светска Банка „Поддршка на подобрувања во континуитет на грижата за дијабетес и хипертензија“, каде учествуваше и директорот на канцеларијата на СБ во земјава, Масимилијано Паолучи.
-Финализирањето и дисеминацијата на податоците од извештајот, како показател за досегашното силно партнерство и натамошно унапредување на соработката со Светска Банка и останатите партнери од владиниот и невладиниот сектор, со акцент на намалување на влијанието на незаразните заболувања врз поединци и општеството во целина, за што е потребен сеопфатен пристап и вклученост на сите сектори, посочи д-р Манолева.