ИЗВЕШТАЈ ИЈЗ: СКОПЈЕ СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ РЕГИСТРИРАНИ – НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЗАБОЛЕНИТЕ НА ВОЗРАСТ ОД 30 ДО 39 ГОДИНИ

Неделен извештај на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 19 до 25 октомври 2020 – тестирани се вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, зголемување од (5,9%), во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува зголемување од 27,4 отсто, во однос на минатата недела. 

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.654; 48,5%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 267,8/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 24%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст од 30 до 39 години (n=750, 22,0%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 години (n=673; 19,7%), 40-49 (n=632; 18,5%), од 50 до 59 (n=595; 17,4%) и од 20 до 29 (n=539; 15,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години (n=72; 2,1%) и од 10 до 19 години (n=149; 4,4%). 
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.695 (49,7%) лица од женски и 1.715 (50,3%) од машки пол. Од случаите, епидемиолошки се истражени 555 или 16,3 отсто. По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.566 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 477 повеќе во однос на минатата недела. 

Пријавени се 84 смртни случаи од 24 града, зголемување од 71,4 отсто, во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 66 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50 до 59 години, три смртни случаи се пријавени од возрасната група 40 до 49 години и двајца во возрасната група од 30 до 39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 45 или 53,6%. 

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 19 до 25.10.2020, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/.

Сподели на:

Related Posts