МАНОЛЕВА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 31 ГОДИНА ОД ПОСТОЕЊЕТО НА ЛКМ: ЛЕКАРСКАТА КОМОРА Е НАШ ПАРТНЕР ВО УНАПРЕДУВАЊЕТО НА УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА НА ДОКТОРИТЕ, МОТИВАЦИЈА НА КАДАРОТ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

По повод 31 година од постоењето на Лекарската комора на Република Северна Македонија на свечениот настан се обрати заменик министерката д-р Маја Манолева пред членовите на органите и телата на Комората и преставниците на државните институции.
-Денот на формирањето на Лекарската комора на Република Северна Македонија е особено значаен ден за сите нас кои припаѓаме на оваа фела. Лекарската комора е наш партнер во унапредување на условите за работа на докторите, мотивација на кадарот и унапредување на здравствениот систем.

Image preview


Со измените и дополнувањата на Колективниот договор за здравствената дејност, кои неодамна ги потпишавме, се зголемија платите за вработените во јавните здравствени установи, како и надоместоците за дежурства. Ова е само еден од многуте чекори кои ги преземаме за подобрување на условите за работа на нашите лекари, кажа Манолева.

Сподели на:

Related Posts