БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА МЕЏИТИ-КЛУГЕ, ВО РАМКИ НА 76. АСАМБЛЕЈА НА СЗО ВО ЖЕНЕВА

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денеска одржа билатерална средба со регионалниот директор на Светската здравствена организација, д-р Ханс Клуге, во рамки на 76. Светска здравствена асамблеја во Женева.На средбата беше истакната континуираната поддршка од СЗО за зајакнување на здравствениот сектор во нашата држава, со посебен акцент на реформата на ПЗЗ и развојот на протоколи за клучните незаразни болести.

– Решен сум да ја поттикнам агендата на ПЗЗ напред, обезбедувајќи нејзино успешно спроведување. Од клучно значење е и развојот на соодветни политики и мерки за привлекување, задржување, па дури и враќање на високо образованата работна сила во државата, истакна на средбата министерот МеџитиТој изрази благодарност до СЗО за нејзината континуирана техничка поддршка во други критични области, како што се контрола на тутунот, менталното здравје и здравото однесување, со посебен фокус на заедничката програма на СЗО и УНИЦЕФ, која се однесува на менталното здравје кај децата и адолесцентите.

Сподели на:

Related Posts