ФИЛИПЧЕ: ПОСВЕТЕНИ СМЕ НА РЕФОРМИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО-СОЈУЗНА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА ОСТАНУВА НАШ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска во Берлин оствари билатерална средба со федералниот министер за здравство на Сојузна Република Германија, Јенс Шпан. На средбата стана збор за можноста за потпишување Меморандум за соработка со Министерството за здравство на Германија и продлабочување на соработката меѓу двете министерства во повеќе области.  На средбата, министерот Филипче се […]

ВО СТОМАТОЛОШКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР КОНТИНУИРАНО СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ЗА ПАЦИЕНТИ

Според информациите од Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ – Скопје, во установата непречено и континуирано се обезбедуваат здравствени услуги за пациентите. Веднаш по откривање на бактеријата МРСА кај еден вработен е извршена дезинфекција и генерално чистење. Нема нови пријавени случаи на присуство на оваа бактерија.

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ГИ ПРЕЗЕМА СИТЕ НЕОПХОДНИ МЕРКИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ СО ШЕЕСЕТ И ЕДНОГОДИШНАТА ЖЕНА, КОЈА ПОЧИНАЛА НА КАРИЛ, ОТКАКО БИЛА ОПЕРИРАНА ОД ПУКНАТ ИЗРАСТОК НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО НА КЛИНИКАТА ЗА АБДОМЕН

Наша должност е секогаш транспарентно да ве информираме. По вчерашната објава на порталот „Скопјеинфо“ дека на Клинички починала 50 годишна жена од слепо црево, бидејќи немало слободен болнички кревет, Министерството ги контактираше сите клиники во Клиничкиот центар, по што утврдивме дека таков случај опишан во порталот немало регистрирано на ниту една клиника. Министерството за здравство […]

НА ПОЧЕТОК НА СЕЗОНАТА СО ГРИП, НЕМА ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ НА ЗАБОЛЕНИ

Министерството за здравство информира дека е намален бројот на заболени лица од сезонски груп, во однос на овој период минатата година. Инаку, минатата недела биле регистрирани вкупно 535 лица со грип, а оваа недела се регистрирани 20 отсто повеќе или 643 новозаболени со грип и заболувања слични на грип. Во Институтот за јавно здравје се пристигнати […]

ВОЛЈАТА НА ЖЕНАТА Е НА ПРВО МЕСТО, УСВОЕН НОВИОТ ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА

На денешната 117-та седница, Владата на Република Македонија го прифати и усвои новиот Предлог-закон за прекинување на бременоста, кој ќе биде доставен во Собранието на РМ. Законот е подготвен од Министерството за здравство. Со измените на Предлог-законот, се остварува правото на жената за безбеден прекин на бременоста и укинување на постојните административни процедури-бариери кои го […]

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ СО ЛАГИ И МАНИПУЛАЦИИ ВМРО-ДПМНЕ ДА ГО НАРУШУВА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство најостро ги демантира невистините на ВМРО-ДПМНЕ, да престанат да лажат и да ја злоупотребуваат јавноста. Нема да дозволиме со лаги да ја манипулираат јавноста и со тоа да го нарушуваат јавното здравство. Внуката на министерот Филипче е вакцинирана во амбулантата Идадија -МлинБалкан со вакцина ДиТеПер, онаа која и следуваше согласно вакциналниот календар. […]

ВНУКАТА НА МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ Е ВАКЦИНИРАНА ПО РЕДОВНИОТ КАЛЕНДАР ЗА ИМУНИЗАЦИЈА, СООДВЕТЕН ЗА НЕЈЗИНАТА ВОЗРАСТ

Информациите на социјалните медиуми дека министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче ја вакцинирал неговата внука Илина од МРП вакцина е лажна вест! На социјалната мрежа Фејсбук, министерот Филипче објави информација и фотографија како ја вакцинира внуката со вакцина од редовниот календар на имунизација, со цел со неговиот личен пример да и покаже на јавноста […]

ДОСЕГА ВАКЦИНИРАНИ СЕ 4,328 ДЕЦА СО МРП ВАКЦИНА, РОДИТЕЛИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ПРЕПОРАКИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство информира дека денеска (26 јануари 2019 година) до 13:00 часот вакцинирани се 24 деца или вкупно 4 328 деца со МРП вакцини. Во текот на вчерашниот ден на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби примен е 19 годишен пациент, префрлен од Клиниката за детски болести, кој добил морбили и е во потешка […]

ДЕЦАТА ЗАБОЛЕНИ ОД МОРБИЛИ СЕ ВО СТАБИЛНА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА, АПЕЛ ДО РОДИТЕЛИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ПРЕПОРАКИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Милена Стевановиќ и директорката на Клиниката за детски болести Катарина Ставриќ, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа дека за едно деноноќие на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се 2 нови случаи со морбили (мали сипаници). Во моментов, на клиниката има вкупно 20 пациенти со потешка […]

ПОСТАПКАТА ЗА НАБАВКА НА ЗАШТИТНИ МАСКИ ЗА ЛИЦАТА СО ЗДРАВСТВЕН РИЗИК Е ВО ПОДГОТВИТЕЛНА ПРОЦЕДУРА

Министерството за здравство ја информира јавноста дека е во подготвителна процедура постапката за набавка на заштитни маски, кои бесплатно ќе ги добијат лицата со здравствен ризик. Штом ќе биде завршена набавката, маските ќе бидат поделени на пациентите. Набавката опфаќа 40 илјади специјални маски, кои штитат од ПМ2 и ПМ 10 честичките. Имајќи предвид дека законските […]