ВНУКАТА НА МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ Е ВАКЦИНИРАНА ПО РЕДОВНИОТ КАЛЕНДАР ЗА ИМУНИЗАЦИЈА, СООДВЕТЕН ЗА НЕЈЗИНАТА ВОЗРАСТ

Информациите на социјалните медиуми дека министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче ја вакцинирал неговата внука Илина од МРП вакцина е лажна вест!

На социјалната мрежа Фејсбук, министерот Филипче објави информација и фотографија како ја вакцинира внуката со вакцина од редовниот календар на имунизација, со цел со неговиот личен пример да и покаже на јавноста дека вакцинацијата е вистински чекор во заштита од заразните болести.

„Мојата внука е мала, и не може да биде вакцинирана од МРП вакцината. Но, јас како дел од здравствените работници ги уверувам сите граѓани дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, и тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Демантирам дека иглата при вакцинацијата била со капаче. Станува збор за еден адаптер кој се надоврзува на шприцот. Поради тоа на фотографијата не се гледа иглата на вакцината“, изјави министерот Филипче.

Апелираме граѓаните да ги проверуваат вестите кои се пласираат во дел од медиумите, бидејќи станува збор за лажни вести.

Сподели на:

Related Posts