ФИЛИПЧЕ: КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЗДРАВСТВОТО СЕ СПРЕМНИ ЗА ЕСЕН, СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ДА ДОБИЕ СООДВЕТНА И НАВРЕМЕНА ЗДРАВСТВЕНА УСЛУГА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија истакна дека во однос на есенскиот период, здравствениот систем е целосно подготвен за евентуалното зголемување на бројот на ковид пациенти. „Сакам да ги уверам граѓаните дека сме спремни со инфраструктура, медицинска опрема, и со кадар, а таму […]

ИЗВЕШТАЈ ИЈЗ: ПРОДОЛЖУВА ТРЕНДОТ НА НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА НОВОПОТВРДЕНИ СО КОВИД-19 И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ СЛУЧАИ

Продолжува трендот на намалување на бројот на новопотврдени со Ковид-19 и процентот на позитивни од тестирани случаи, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 24 до 30 август 2020г. Во овој период се направени 9.944 тестирања на вирусот SARS-CoV-2 и регистрирани сe 666 нови позитивни случаи, што претставува намалување […]

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ИЗГОТВИ ПРОТОКОЛИ ЗА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ФИЛИПЧЕ: ПОЧИТУВАЊЕТО НА ПРОТОКОЛИТЕ ГО МИНИМИЗИРА РИЗИКОТ ПО ЗДРАВЈЕТО И ЌЕ ОВОЗМОЖИ ЦЕЛОСНО БЕЗБЕДЕН НАСТАВЕН ПРОЦЕС ЗА СИТЕ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше за состојбата со епидемијата во земјата, согласно извештајот на ИЈЗ за минатата недела и истата ја оцени како стабилна.Филипче детално се осврна на почетокот на учебната година и протоколите кои ги изготви Комисијата за заразни болести. Тој истакна дека препораката која ја даде Комисијата […]

СО КРВНА ПЛАЗМА ТРЕТИРАНИ 70 ПАЦИЕНТИ, РАСТЕ БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ ДОНОРИ ЗА КОНВАЛЕСЦЕНТНА ПЛАЗМА

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека досега се обезбедени 88 единици конвалесцентна плазма, од вкупно 53 донори. Со крвна плазма се третирани околу 70 пациенти. Во моментов, установата располага со 16 единици конвалесцентна плазма спремна доколку се појави потреба за третман на пациент. -Секојдневно расте бројот на пријавени донори на конвалесцентна плазма од лица […]

ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 17 ДО 23 АВГУСТ, 2020: НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА НОВОПОТВРДЕНИ И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ – НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД РЕГИСТРИРАНИТЕ СЕ ОД СКОПЈЕ

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 17 до 23 август се направени 11.129 тестирања на вирусот SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 839 нови позитивни случаи од 29 градови во државата и намалување од 7.0%, во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи […]

Д-Р ИГОР АЛУЛОСКИ ОД ГАК: МАКЕДОНСКАТА ГИНЕКОЛОШКА ОНКОЛОГИЈА ЈА ПОДИГНУВАМЕ НА ЕВРОПСКО НИВО

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и доктор Игор Алулоски, како главен истражувач се дел од значајна меѓународна студија-SUCCOR Study, објавена во интернационалниот журнал за гинеколошка онкологија.   – Станува збор за голема интернационална студија, спроведена од професор Луис Чива од Универзитетската клиника Навара во Шпанија, што почна во април 2019 година, со поддршка од Европското здружение за гинеколошка онкологија (ESGO). Во неа […]

КЛИНИКАТА ЗА НЕФРОЛОГИЈА СО КОМПЛЕТНО НОВ ЛИК-НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА, РЕНОВИРАНИ ОДДЕЛИТЕ ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, ТРАНСПЛАНТАЦИЈА, ДИЈАЛИЗА И ВАСКУЛАРНИ ПРИСТАПИ

Универзитетска клиника за нефрологија со комплетно реновиран интензивен оддел, како и одделите за хронична и акутна дијализа, одделот за трансплантација на бубрег, како и одделот за васкуларни пристапи. Со оваа инвестиција, значително е унапреден квалитетот на здравствената заштита. Оваа клиника е единствена установа во државата која третира најкомплексни пациенти со бубрежни заболувања. Со реновирањето е […]

ДЕНЕСКА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 163 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19-ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 9412,ОЗДРАВЕНИ СЕ 69 ПАЦИЕНТИ, НЕМА ПОЧИНАТИ ПАЦИЕНТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-21, Дебар-2, Штип-33, Тетово-4, Струга-7, Велес-2, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-17, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравен пациент од: Скопје-41, […]

СО ИНОВАТИВНАТА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА ЗНАЧИТЕЛНО ПОДОБРЕН КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА БОЛНИТЕ СО ХЕМОФИЛИЈА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче оствари средба со Мирсад, студент на медицина и еден од десетте пациенти со хемофилија кој од почетокот на оваа година ја прима иновативната биолошка терапија во домашни услови. Користејќи ја оваа терапија (emicuzumab) Мирсад функционира комплетно независно бидејќи самиот ја администрира, а болните и чести венепункции за него […]

БРОЈКАТА ОД САБОТАТА НА НОВО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е ВАРИЈАЦИЈА КОЈА СЕ ДОЛЖИ НА КЛАСТЕР ВО ШТИПСКА КОНФЕКЦИЈА

Во вчерашното гостување во вестите на Канал 5 телевизија, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче објасни дека бројката од саботата, исто како и некои претходни варијации т.е отскокнувања од некоја вообичаена бројка, се должи на мал кластер во една од конфекциите во Штип. „Една од неколкуте конфекции во кои имаше поголем број заразени е […]