МИНИСТЕРОТ САЛИ СО ПОДАРОЦИ ЗА НАЈМАЛИТЕ ПАЦИЕНТИ – ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ДЕЦАТА

Денес се дружевме со децата од новоотворениот онколошки оддел на Клиниката за детски болести. Тие се наши големи борци, кои секогаш заслужуваат повеќе, истакна министерот, Беким Сали при денешната посета на Клиниката за детски болести. По повод Меѓународниот ден на децата – 1 јуни, министерот Сали им подари пригодни подароци, посакувајќи им побрзо оздравување и безгрижно детство.Обиколка на детскиот онколошки оддел направија заедно со директорката, Аспазија Софијанова и амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш, како и со претставници од компаниите Алкалоид и Макстил.

Сподели на:

Related Posts