МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари се вакцинираше против сезонски грип во Институтот за јавно здравје, во пунктот за вакцинирање здравствени работници.

-Вакцинацијата претставува најефикасна мерка за превенција од грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи. Само за потсетување, според податоците во минатата сезона на грип во државата имаше 14 потврдени смртни случаи, лабораториски докажани, кои починале од компликации од вирусот на грип.

Апелирам до сите ризични групи да се пријават за вакцинација, со што би спречиле вакви несакани последици, како хоспитализација и потешки форми на грип.

Сподели на:

Related Posts