МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ ГО ПОСЕТИ КОВИД ЦЕНТАРОТ ВО БОЛНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ

Посакувајќи им побрзо закрепнување на хоспитализираните пациенти, денеска, министерот за здравство, Беким Сали го посети Ковид центарот во болницата во Кавадарци.
-Здравствените работници во овој, како и во останатите ковид центри го вложуваат својот максимум за да им помогнат и соодветно да ги згрижат болните. Заедно со нив уште еднаш испраќаме апел за важноста на вакцинацијата, која е од несомнено големо значење во намалувањето на последиците од вирусот и заштита на здравјето на населението. Единствено со зголемен опфат на вакцинација, како и со почитување на мерките за заштита и превенција ќе се избориме со ковид пандемијата, посочи министерот Сали.

Сподели на:

Related Posts