Во тетовската клиничка болница, министерот за здравство Беким Сали ги посети пациентите хоспитализирани на инфективното одделение, каде се лекуваат 14 лица.
-Медицинскиот персонал ме информираше дека во текот на денешниот ден амбулантски се прегледани 52 пациенти и иако бројот на болни во изминатите денови е зголемен, охрабрува фактот што поголемиот дел од нив се со поблага клиничка слика.