Заедно со заменик министерот д-р Владимир Рендевски, здравствените работници и Лекарската комора го одбележуваме 12 март – Европскиот ден за подигнување на свесноста за насилството врз здравствените работници.Денеска го ставаме фокусот на несебичната пружена грижа за пациентите која е клучна од првиот ден во справување со пандемијата. Недозволиво е во 21 век да има ситуации на напади врз здравствени работници и лично ќе се заложам за поголема заштита за лекарите, но и сите здравствени работници. Веќе е во процедура усогласувањето на Законот за здравствена заштита и Кривичниот законик во делот на казнените одредби за напади врз службени лица и лично ќе се заложам овие законски измени да бидат што е можно побрзо донесени и имплементирани во практика.За нас е клучна соработката со Лекарската комора, како и со Стоматолошката и Фармацевтската комора. Продолжуваме со продлабочување на нашата соработка од која бенефит ќе имаат сите здравствени работници.
Related Posts
АНДОВСКИ: ГОДИНАВА РЕКОРДЕН БРОЈ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП
ноември 22, 2024
СОВРЕМЕН ИНКУБАТОР ЗА КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА
ноември 11, 2024