МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО БЕКИМ САЛИ ДЕНЕСКА ГО ПРИМИ АМБАСАДОРОТ НА ШПАНИЈА ВО СКОПЈЕ, ХОЗЕ ЛУИС ЛОЗАНО ГАРСИЈА

Министерот за здравство Беким Сали денеска го прими амбасадорот на Шпанија во Скопје, Хозе Луис Лозано Гарсија, со кого разговараше за важни теми за меѓусебната соработка во областа на здравството меѓу нашите две земји. Конкретно се разговараше за формирање работни групи за продлабочување на соработката меѓу двете земји за програмата за трансплантација.

На средбата беше предложено да има меморандум за соработка како и збратимување на болниците, со цел размена на искуства и знаења кои ќе бидат во служба на пациентите.

Министерот Сали, меѓу другото, го информираше амбасадорот за состојбата со пандемијата, како и за неговата посветеност за изградба на новиот Клинички Центар

Сподели на:

Related Posts