СО ЈАПОНСКИ ГРАНТ ОБЕЗБЕДЕНА НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ЗА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ, ИНФЕКТИВНА И ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“

Министерот за здравство, Беким Сали, денеска ја посети Клиниката за хируршки болести, заедно со заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, и амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада, по повод обезбедена нова медицинска опрема од социо-економскиот грант од Јапонија.

Станува збор за опрема за третман на пациенти пост-ковид, која се состои од дефибрилатори, електрокардиограми, анализатори за крв, центални монитори, рентген апарат, медицински фрижидери и мобилни ехо апарати. Опремата е наменета за дел од универзитетските клиники (Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, КАРИЛ), како и за Градската општа болница „8 Септември“.

Дел од опремата е веќе инсталиран и ставен во употреба, токму на Клиниките како КАРИЛ и Инфективна клиника каде се третираат пациенти со специфична и комплексна здравствена состојба, а до крајот на годината се очекува да пристигне и останатата опрема која ќе биде инсталирана и во други клиники. Во следниот период се очекува да пристигнат три дефибрилатори за Клиниката КАРИЛ, Инфективната клиника и Градската општа болница „8 Септември“ , како и два мобилни ехо апарати за КАРИЛ и Клиника за кардиологија.

Станува збор за Социо-економски грант за медицинска опрема во вредност од 813.000 евра. Токму како резултат на успешната соработка со јапонската влада, во изминатите три години се вложени над милион евра за нова опрема во јавните здравствени установи низ државата. Тоа претставува значително зајакнување на капацитетите на установите со нова најсовремена медицинска опрема, како и подигнување на квалитетот на здравствената заштита на повисоко ниво.

Сподели на:

Related Posts