Лекарот – специјалист во Мој Термин ја има следнaта улога: да ги креира термините (Време за прием) за преглед на пациенти, и да изврши преглед на пациентите врз основа на добиениот Е-упат. Креирањето на Време за прием се прави во системот Мој Термин, со најава со единствено корисничко име и лозинка или со помош на електронската здравствена картичка. Со тоа всушност, се создава можност за матичните лекари и другите специјалисти да ги закажуваат електронски прегледите на своите пациенти.
Лекарот – специјалист е должен да се придржува кон листата на закажани прегледи.
Вториот сегмент – Преглед на пациент, лекарот – специјалист може да го изврши преку апликацијата Мој Термин или преку својата апликација која ја користи во ординацијата, доколку таа е прилагодена според насоките дадени од Министерството за здравство. Лекарот – специјалист во склоп на прегледот на пациентот, може да закаже преглед кај друг лекар – специјалист или субспецијалист, во точно определен термин, преку генерирање на Е-упат.
За сите прашања и технички проблеми, лекарите може да се обратат на електронската адреса mojtermin@zdravstvo.gov.mk .