Стремејќи се кон унапредување и стандардизација на Институтот за трансфузиона медицина на Република Северна Македонија, во согласност со европските препораки за квалитет во крвната банка, обезбедени се 40 автоматски агитатори.
Функцијата на овие агитатори се состои во следење на процесот на дарување на крв (времетраење, количина, кој пунктер, регистрација на неусогласености при дарување), регистрација на сите податоци за кесата која се употребува за крводарување и онлајн миграција на сите податоци директно во националниот информатички систем за крвна банка e-Delphyn.
Агитаторите се поделени на стационарни за Институтот за трансфузиона медицина, Центрите за трансфузиона медицина во Штио, Битола и Тетово, како и мобилни во рамките на мобилните екипи за собирање на крвни единици.
Со ова, се заокружува процесот на усогласување на работа според европските директиви.
За потсетување, во Институтот за трансфузиона медицина реновирани се просториите, обезбедени се нови комбиња, фрижидери и апарат за харвестрација на матични клетки.