Ја продолжуваме хуманата мисија за едуцирање на младата популација во духот на взаемната помош и солидарноста.Под мотото „Првата помош спасува живот“, денес министерот за здравство Беким Сали го посети средното училиште „Арсени Јовков“ ,каде тимови на Црвениот крст, спроведуваат обука по прва помош наменета за учениците.-Со бесплатните обуки им се овозможува на децата од основните училишта да стекнат основни знаења и вештини за пружање прва помош како брза и витална интервенција за спасување човечки животи, информира Сали во рамки на овој настан, по повод организирање обуки за прва помош во средните училишта.
Related Posts
ПРОЕКТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И СТАТУСОТ НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ
декември 18, 2024
СРЕДБА ТАРАВАРИ СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР КАЗУЈА
декември 11, 2024