ОДЛУКА ЗА ИСПЛАТА НА МЕСЕЧЕН НАДОМЕСТОК НА ДОКТОРИТЕ ЗАПИШАНИ НА ПРИВАТНА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА КОНКУРСОТ ВО ЈАНУАРИ 2018 ГОДИНА

Денес се одржа седница на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.
На дневен ред беше ставена одлука за исплата на месечен паричен надоместок на докторите запишани на приватна специјализација на конкурсот во јануари 2018 година.
Одлуката беше усвоена од страна на Управниот одбор, со што се исполнети формалните услови на оваа група специјализанти да им биде исплатен месечен паричен надоместок за нивниот труд и ангажман.
Конкретно, сметано започнувајќи од месец јуни 2018 година, односно за повеќе месеци ретроградно, средствата ќе им бидат префрлени кога ќе се врши исплатата на плата во целиот здраветвен сектор за месец сепетември, 2018 година.
Убедени сме дека, покрај нивото на разбирање за овој проблем од страна на докторите запишани на приватна специјализација на конкурсот во јануари 2018 година, соработката на стручно и административно ниво ќе продолжи во нагорна линија.

Сподели на:

Related Posts