МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
објавува
О Г Л А С
за работа на проект во рамки на ИПА меѓугранична соработка со Грција:
EX-INFO: Унифициран информатички систем за размена на информации меѓу единиците во примарната здравствена заштита во меѓуграничниот регион
За следните работни позиции:
1.Проектен менаџер – квалификуван за управување со проекти на ЕУ
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
– завршено високо образование VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС;
– работно искуство – минимум три години
– претходно искуство со раководење на проекти
– претходно искуство во работа со проекти финансирани од ЕУ ( за предност ќе се смета претходно искуство од работа на ИПА проекти ), или работа на меѓународни проекти;
– подготовка и навремено доставување на сите извештаи за активности и имплементација на проектот
– подготовка и доставување на финални извештаи и наративен извештај
– способност за кореспонденција и комуникација со институции во земјата и странство.
– способности за презентирање и советување
– одлично познавање на говорен и пишан македонски и англиски јазик
– одлични компјутерски вештини
– способност за организација, планирање и имплементирање работни задачи, способност за работа под притисок
– комуникациски способности, способности за тимска работа
– искуство во организација на јавни настани, конференции.
- Финансиски менаџер
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
– завршено високо образование од областа на економски науки;
– работно искуство релевантно на универзитетската диплома – минимум три години
– претходно искуство со финансиско раководење на проекти
– претходно искуство во работа со проекти финансирани од ЕУ ( за предност ќе се смета претходно искуство од работа на ИПА проекти ), или работа на меѓународни проекти;
– спроведување на постапките предвидени за јавни набавки на стоки и услуги (според националното законодавство и законодавството на ЕУ)
– одлично познавање на говорен и пишан македонски и англиски јазик
– одлични компјутерски вештини
– способност за организација, планирање и имплементирање работни задачи, способност за работа под притисок
– комуникациски способности, способности за тимска работа
- Помошник на проектниот менаџер
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
– завршено високо образование VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС;
– работно искуство – минимум две години
– претходно искуство во работа со проекти финансирани од ЕУ или меѓународни проекти ( за предност ќе се смета претходно искуство од работа на ИПА проекти )
-одлично познавање на говорен и пишан македонски и англиски јазик
– одлични компјутерски вештини
-способност за организација, планирање и имплементирање работни задачи,
-способност за работа под притисок
-комуникациски способности,
-способности за тимска работа
-искуство во организација на јавни настани, конференции..
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи:
– Кратка биографија (Europass)
– копија од диплома и уверение за положени испити;
– потврда за работно искуство со препорака;
Ангажирањето е за определен временски период со полно работно време и хонорарот се исплаќа по работни пакети.
Заинтересираните кандидати потребните документи да ги достават во рок од 5 работни дена на следната адреса:
Министерство за здравство
Ул. 50 Дивизија бр. 14
1000 Скопје
За Kабинет на министер со назнака за ИПА меѓугранична соработка со Грција: EX-INFO
Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.