Search Results for: I

НАБАВЕНИ 12 НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА, ЗАЈАКНАТА Е ИМП

Министерството за здравство, вчера спроведе електронска аукција и обезбеди 12 возила за Итната медицинска помош (ИМП). На денешната прес-конференција, министерот Доц. д-р Венко Филипче потенцираше дека за оваа набавка, министерството испланира 30 милиони и 500 илјади денари, но по спроведената електронска аукција, постигната е цена во вкупен износ од 18 милиони и 300 илјади денари. […]

МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

Државниот секретар на Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, ја отвори регионалната работилница на тема „Зајакнување на здравствениот информатички систем во делот на собирање податоци за сообраќајни незгоди“. На оваа работилница присуствувашр и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), како и претставници од МЗ, МВР, Центрите за јавно здравје, како […]

ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЈАПОНСКА ПОМОШ ЗА ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ЗА НАБАВКА НА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА И РЕНОВИРАЊЕ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Јапонија, Н.Е Кеико Ханеда, и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска посетија неколку здравствени установи, каде јапонската влада даде грант за зајакнување на капацитетите со опрема и реконструирање на јавните здравствени установи. Во рамки на посетата, министерот Филипче изрази благодарност […]

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА СЕ ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА

Министерството за здравство информира дека измените на Законот за здравствена заштита за преземање во јавно здравство, на медицинските сестри кои претходно работеле во приватни здравствени установи, основани под закуп во здравствените домови, заради затворање на ПЗУ и во меѓувреме останале без работа, се во собраниска процедура. Во измените на Законот e внесена oдредба согласно која […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ЧЕШКА ВО МАКЕДОНИЈА ТОМАН

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, денеска имаше успешна работна средба со амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Томан. На средбата се разговараше за евентуална соработка и размена на искуства на медицинските работници од Чешка и Македонија, обука на македонски медицински кадар во големите Чешки клиники. Министерот Филипче и чешкиот министер за здравство, Адам […]

МАКЕДОНСКОТО ЈАВНО ЗДРАВСТВО НА МАПАТА НА СВЕТСКИ МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НАЈТЕШКИ ЗАБОЛУВАЊА НА КРВТА

– Во текот на минатата недела е извршена првата трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител во Македонија, за која досега пациентите беа упатувани во странство. Од денеска, лекувањето на тешки малигни заболувања на крвта се врши по еднакви процедури, како во кој било светски или европски современ центар, таа е веќе редовно достапна за […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ВОВЕДУВАМЕ ТРИ НОВИ ТИПОВИ НА ИНСУЛИН, ЕДЕН ОД НИВ НАМЕНЕТ ЗА ДЕЦАТА

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, денеска зборуваше на форумот „Што е потребно за добра контрола на дијабетесот и среќно семејство“, во конференциската сала во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на дијабетес – 14 Ноември, во организација на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК. Во […]

ВАКЦИНАЦИЈАТА ЗА СЕЗОНСКИ ГРИП ПРОДОЛЖУВА ОД ПОНЕДЕЛНИК

Центрите за јавно здравје ќе обезбедат дополнителни количини комерцијални вакцини за сезонски грип. Вакцинацијата за грип продолжува од понеделник, а скопскиот Центар ќе вакцинира и утре (сабота 10.11.2018 година). Министерството за здравство, заедно со Владата на Република Македонија, годинава првпат овозможи 28.000 дози на бесплатна вакцина против сезонски грип за лица над 65 години со […]

СО ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈАТА ЌЕ СЕ ИСПИТА МОЖНОСТА ЗА ПРАВЕЊЕ НА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО

Тендерот кој е распишан од страна на Министерството за здравство е отворен на 3.11.2018 година и прибирањето на понудите трае до 14.11.2018 година. Оваа набавка се однесува на прибирање понуда за изработка на физибилити студија и анализа на можности и капацитети на услугата „Брза помош“ и „Домашна посета“. Физибилити студијата треба да покаже дали воопшто […]

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ОСУДУВА СЕКАКОВ ВИД НАСИЛСТВО ВРЗ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ

На Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), денеска во утринските часови било физички и вербално нападнато медицинско лице кое работи на оваа kлиника. Според првичните информации на Министерството за здравство, станува збор за физички и вербален напад на лица кои изгубиле близок член од семејството, хопитализиран во оваа клиника врз медицинско лице кое […]