Министерството за здравство денеска го означи почетокот на кампањата „Садиме здравје“ која има за цел обнова на парковите низ комплексот на универзитетските клиники. -Денес симболично ја започнавме кампањата со засадување 100 стебла. Би сакал да им се заблагодарам на Фонданцијата „Заев-едно општество за сите“ за поддршката за реализирање на оваа иницијатива. Да ја искористиме оваа можност заеднички да направиме разлика во нашата заедница и да создадеме поздрава иднина за генерациите што доаѓаат. Ви благодариме на сите за поддршката и ајде сите да се вклучиме во акцијата за садење нови стебла, истакна министерот Фатмир Меџити, означувајќи го почетокот на кампањата „Садиме здравје“ Зелените површини придонесуваат за заштита на животната средина, а истовремено имаат и бројни здравствени придобивки за пациентите и здравствениот персонал.
