Од оваа нова мерка директен бенефит ќе имаат над 266 илјади жители во вкупно 1.400 населени места во државата.
Согласно последните измени на Законот за лекови и медицински помагала, се дава можност за функционирање на подвижни рурални аптеки (лековите ќе бидат доставувани со посебно возило) во места со најмногу 1.000 жители.
Во таа насока Министерството за здравство ќе додели 24 лиценти за подвижни аптеки кои опфаќаат и по неколку општини со поголем број села и помали населени места.
Се работи за поставување правен систем кој придонесува за подобра здравствена заштита на примарно ниво во руралните подрачја во државата кои досега не беа соодветно покриени со аптеки. Станува збор за проект, кој е комплементарен со проектот „рурален доктор“ и ќе придонесе за подобрување на здравствената заштита на жителите од помалите населени места каде заради малиот број жители досега немало интерес за отворање аптека.
– Подвижната аптека е замислена како посебна организациона единица на здравствената установа – аптека односно во овие населени места се предвидува лековите да бидат доставувани со посебно возило-подвижна аптека за што треба да има вработено фармацевтски техничар со средно или вишо образование од областа на фармацијата со положен стручен испит и со полно работно време.
Дипломираниот фармацевт вработен во аптеката има обврска најмалку еднаш неделно да врши контрола на работата на фармацевтскиот техничар, кој ќе работи во подвижните аптеки.
Се предвидува подвижните аптеки да ги посетат населените места најмалку два до три пати во месецот по претходно утврден распоред, при тоа се зема предвид и тоа дека во поголем дел од тие рурални средини има отворено пунктови со рурален доктор или се посетуваат со патронажа така што тие два проекта се надополнуваат еден со друг.
На ова претходеше сериозна анализа за состојбата на селата каде заради малиот број жители досега немаше интерес за отворање рурални аптеки. Врз основа на анализата, МЗ изготви мапа на рурални населени места до илјада жители кои треба да бидат покриени со подвижни аптеки.
По ова следат соодветни измени во Мрежата на здравствени установи, за кои согласно потребите во тие рурални населени места, ќе се издаваат лиценци за аптеките, по што се предвидува издавање 24 лиценци за подвижни аптеки со кои ќе бидат опфатени и по неколку општини со поголем број села и помали населени места и тоа: по една лиценца за Битола, Берово, Пехчево, Делчево, Боговиње, Тетово, Теарце, јегуновце, Желино, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Дебар, Маврово и Ростуша, Центар Жупа, Кичево, Пласница, Македонски Брод, Струга, Дебарца, Охрид, Ресен, Новаци, Могила, Прилеп, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Арачиново, Илинден, Петровец, Велес, Чашка, Росоман, Градско, Лозово, Кавадарци, Демир Капија, Неготино, Конче, Штип, Свети Николе, Радовиш, Карбинци, Зрновци, Чешиново, Облешево, Кочани, Кратово, Пробиштип, Крива Паланка, Ранковце, Македонска Каменица, Виница, Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, а по две лиценци за Демир Хисар, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, со кои се опфаќа
поширок регион со поголем број на жители.
– Овој проект е во корелација со проектот „рурален доктор“ и на овој начин отворањето на овие подвижни аптеки дополнително ќе придонесе за подобрување на примарната здравствена заштита и за навремено обезбедување на соодветната терапија за населението од руралните подрачја.
Во продолжение е листата со предлог лиценци по населени места во државата:
- БИТОЛА (1 ЛИЦЕНЦА)
- БЕРОВО, ПЕХЧЕВО, ДЕЛЧЕВО (1 ЛИЦЕНЦА)
- БОГОВИЊЕ, ТЕТОВО (1 ЛИЦЕНЦА)
- ТЕАРЦЕ, ЈЕГУНОВЦЕ, ЖЕЛИНО, БРВЕНИЦА (1 ЛИЦЕНЦА)
- ВРАПЧИШТЕ, ГОСТИВАР (1 ЛИЦЕНЦА)
- ДЕБАР, МАВРОВО И РОСТУША, ЦЕНТАР ЖУПА (1 ЛИЦЕНЦА)
- КИЧЕВО, ПЛАСНИЦА, МАКЕДОНСКИ БРОД (1 ЛИЦЕНЦА)
- СТРУГА, ДЕБАРЦА (1 ЛИЦЕНЦА)
- ОХРИД, РЕСЕН (1 ЛИЦЕНЦА)
- НОВАЦИ, МОГИЛА, ПРИЛЕП (1 ЛИЦЕНЦА)
- СОПИШТЕ, СТУДЕНИЧАНИ, ЗЕЛЕНИКОВО (1 ЛИЦЕНЦА)
- КУМАНОВО, ЛИПКОВО, СТАРО НАГОРИЧАНЕ (1 ЛИЦЕНЦА)
- АРАЧИНОВО, ИЛИНДЕН, ПЕТРОВЕЦ (1 ЛИЦЕНЦА)
- ВЕЛЕС, ЧАШКА, РОСОМАН, ГРАДСКО, ЛОЗОВО (1 ЛИЦЕНЦА)
- КАВАДАРЦИ, ДЕМИР КАПИЈА, НЕГОТИНО, КОНЧЕ (1 ЛИЦЕНЦА)
- ШТИП, СВЕТИ НИКОЛЕ, РАДОВИШ (1 ЛИЦЕНЦА)
- КАРБИНЦИ, ЗРНОВЦИ, ЧЕШИНОВО, ОБЛАШЕВО (1 ЛИЦЕНЦА)
- КОЧАНИ, КРАТОВО, ПРОБИШТИП (1 ЛИЦЕНЦА)
- КРИВА ПАЛАНКА, РАНКОВЦЕ, МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, ВИНИЦА (1 ЛИЦЕНЦА)
- ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ, ДОЈРАН, ВАЛАНДОВО (1 ЛИЦЕНЦА)
- ДЕМИР ХИСАР, КРУШЕВО, КРИВОГАШТАНИ, ДОЛНЕНИ (2 ЛИЦЕНЦИ)
- СТРУМИЦА, ВАСИЛЕВО, БОСИЛОВО, НОВО СЕЛО (2 ЛИЦЕНЦИ)
Последните две ставки имаат по две лиценци бидејќи имаат опфатено поголем регион со повеќе жители.