Поради високите температури, кои деновиве ја зафатија територијата на државата, Министерството за здравство апелира да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето:
– Во текот на екстремно топли денови останете во затворени простории (пред се климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за одмор под сенка.
– Носете светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце заштитни очила и капа. За сончање користете крема со висок заштитен фактор.
– Внесувајте поголеми количества течности, најдобро вода, избегнувајте алкохолни пијалаци. Внесувајте помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, помалку мрсна храна.
– При влегување во возило, први тоа да се проветри.
-Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: – задолжително миење на земјоделско градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а подготвената храна да се стави во фрижидер на +4 степени Целзиусови, пред употребата да се загрее на +100 степени. Избегнувајте термички необработени производи.
-Хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичен лекар.