Со градоначалникот за општина Зелениково, Коста Маневски, министерот Таравари потпиша договор за групна набавка за реализација на проект за реконструкција на фасада и кровна конструкција на амбулантата во Зелениково. Вредноста на проектот изнесува 7,5 милиони денари.
-Граѓаните на Зелениково за неколку месеци ќе добијат посовремени услови за здравствена заштита. Ги повикувам и останатите општини за соработка на заеднички проекти во областа на здравството, истакна на средбата министерот Таравари.
