-Континуираното инвестирање во образованието и здравството придонесува за квалитетни здравствени работници, подготвени за пазарот на трудот и за унапредување на здравствениот систем, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали на денешниот работен состанок со ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј’’, проф. д-р Никола Јанкуловски, со деканот на Стоматолошки факултет, проф. д-р Ќиро Ивановски и Ариан Даци, директор на Стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“.-Со реализираните инвестиции на Стоматолошкиот факултет овозможени се потребните услови за практично спроведување на наставата, што е посебно значајно во високото образование, истакна д-р Сали.По состанокот, министерот ги посети клиничките сали за практична настава во рамки на Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“ и новонабавената опрема, која е во функција на наставната, научната и применувачката дејност на Стоматолошки факултет.
Related Posts
ПРОЕКТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И СТАТУСОТ НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ
декември 18, 2024
СРЕДБА ТАРАВАРИ СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР КАЗУЈА
декември 11, 2024