Минисерот за здравство, Венко Филипче, заеднос со министерската за Мила Царовска и претставникот на Канцеларијата на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс го посетија Специјалниот завод во Демир Капија, каде се вршат превентивни здравствени прегледи за лицата сместени во оваа институција. Прегледите опфаќаат општ систематски преглед, како и целосен гинеколошки, дерматолошки и стоматолошки преглед.
Министерот Филипче, информираше дека секој има право на здравствена заштита.
-Со овие активности се воспоставување систем за континуирана здравствена заштита на сите лица сместени во различни видови институции.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, при посетата на Ззаводот рече дека министерството забрзано работи на деинституционализацијата чија цел е сите граѓани, сите деца да имаат еднакви можности, хумани и достоинствени услови за раст и развој. Додека тече овој процес, според Царовска, неопходно е на лицата коишто се сместени во Демир Капија да им се обезбедат подобри услови за живот.
-Систематските прегледи се само еден дел од поголемиот број активности што ги правиме за да обезбедиме достоинствен живот на лицата кои се сместени во оваа институција, рече министерката Царовска.
Претставникот на Канцеларијата на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс, вели дека УНИЦЕФ заедно со Владата и другите партнери веќе работи на трансформирање на сите институции во кои се сместени деца и на нивно згрижување во семејна средина, каде секое дете ќе добие соодветна грижа, љубов и достоинство – нешта што сите ги очекуваме за нашите деца.
-Додека трае тој процес мора да обезбедиме здравствена грижа за децата сместени во институции, затоа што тие имаат деднакви права на здравствена заштита и стоматолошки услуги како и сите други деца, рече претставникот на Канцеларијата на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс.
За реализирање на денешниот преглед во Демир Капија беше ангажирана мобилната гинеколошка амбуланта од кумановската болница со лекар и медицинска сестра, како и мобилната единица за систематски прегледи составена од рендген техничар, лаборант и медицинска сестра од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза. Стоматолошките прегледи ги спроведе тим стоматолози од Здравствен дом–Кавадарци.