Спасете живот! Чистете ги рацете и спречете го ширењето на бактериите отпорни на антибиотици! Без акција денес, нема да има лек утре

Во aмфитеатарот во Деканатот на Медицински факултет–Скопје се одржа стручен состанок на тема: “Хигиената на рацете во спречување на ширењето на мултирезистентните микроорганизми”
posterХигиената на рацете е едноставно и ефективно решение на намалување на ширењето на инфекции и мултирезистентни бактерии и заштита на пациентите од интрахоспитални инфекции. Секој здравствен работник како и секое лице кое е директно или индиректо вклучено во грижата за болните, мора да обрнува внимание на хигиената на рацете и правилно да ја практикува
Ова е пораката на Глобалниот ден за хигиена на рацете: СПАСЕТЕ ЖИВОТ, Чистете ги рацете, кој се одбележа на 5 мај со заеднички активности, во организација на Министерството за здравство на РМ, и Мултисекторската комисија за следење на антимикробната резистанција, Институтот за јавно здравје, Медицинскиот факултет–Скопје и граѓанскиот сектор, претставен преку Центарот за регионални истражувања и соработка “Студиорум”, со поддршка на Канцеларијата на СЗО во Република Македонија.

Од 2010 година Светската Здравствена Организација (СЗО) во рамките на Првиот Глобален Предизвик за Безбедност на Пациентите “Чиста нега е Безбедна нега” го воспостави одбележувањето на 5 мај како СЗО Ден за Хигиена на рацете: СПАСЕТЕ ЖИВОТ, Чистете ги рацете.
Секоја година стотици милиони лица во светот се соочуваат со интрахоспитални инфекции. Насекаде во светот, секојдневно умираат илјадници луѓе од инфекции стекнати за време на добивање на здравствена нега. Особено опасни се интрахоспиталните инфекции кои се предизвикани од мултирезистентни микроорганизми. Непотребната и зголемена употреба на антибиотици, особено на тие со широк спектар на делување, доведува до развивање на резистенција (отпорност) на бактериите кон антибиотиците и намалување на нивната моќ да делуваат тогаш кога се најпотребни. Ширењето на мултирезистентните микроорганизми во здравствените институции е често и се одвива преку онечистените раце на здравствените работници, пациентите и посетителите; нечиста опрема и од околината на пациентите. Рацете се најсериозниот начин на пренесување на микроорганизмите за време на здравствената нега. Последица на тоа се: сериозни инфекции, особено кај критично болните пациенти; продолжени болнички денови; долготраен инвалидитет; финансиско оптоварување на пациентите и нивните семејства; финансиско оптоварување на здравствениот систем, и најважно од се – загуба на човечки животи.
Затоа имплементирањето на стандардни мерки на внимателност постојано и за сите пациенти, е клучен фактор во превенција на ширењето на сите микроорганизми, особено на мултирезистентните. Хигиената на рацете е една од клучните стандардни мерки на внимателност. Повеќето интрахоспитални инфекции можат да се спречат со добра хигиена на рацете – чистење на рацете во вистинско време и на вистински начин. Секое ниво на подобрување на хигиената на рацете е поврзано со 24% намалување на ризикот од интрахоспитални инфекции.
Секој здравствен работник како и секое лице кое е директно или индиректно вклучено во грижата за болните, мора да обрнува внимание на хигиената на рацете и правилно да ја практикува.

Само со заедничко придржување на здравствените работници, пациентите и целото население кон хигиената на рацете, со зајакнување на свеста за значењето на оваа мерка, како и со постојана промена на однесувањето на луѓето, може да се спречат непотребните страдања на пациентите, непотребните здравствени трошоци и да се спасат

Дополнителни информации:
Во насока на поддршка на промоцијата на хигиената на рацете и подобрување на услугите на здравствените институции насекаде во светот, СЗО го издаде Водичот за хигиена на рацете во здравствени институции. Истакнати се 5-те моменти кога хигиената на рацете мора да се изврши независно дали се користат ракавици за еднократна употреба или не, а тоа се:
Момент 1. Пред контакт со пациентот
Момент 2. Пред извршување чисти/асептички постапки
Момент 3. По ризик од изложеност на телесни течности
Момент 4. По контакт со пациентот
Момент 5. По контакт со околината на пациентот

Како? Со чистење на рацете со триење со дезинфициенс за раце на база на алкохол. Тоа е брз и ефективен начин на чистење на рацете кои не се видливо валкани, и рацете добро го толерираат. Кога рацете се видливо нечисти, особено со крв или други телесни течности, или по користење на тоалет, треба да се измијат со сапун и вода.
Особено важна е големата улога на пациентите и нивните посетители во процесот на стопирање на ширењето на инфекциите во болниците со придржување кон хигиената на своите раце:
–       Пред да ги допираат своите повредени места или места каде е аплицирана терапија
–       После контакт со други пациенти или посетители
–       После користење на тоалет.

Хигиена на рацете
Како да ги миете рацете
Чистете ги рацете и спречете го ирењето на актериите отпорни на антииотици!

 

Сподели на:

Related Posts

Остави коментар