Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева, денеска, оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани.На средбата се разговараше за имплементацијата на активностите од годишниот план за соработка потпишан меѓу Министерството за здравство и УНИЦЕФ, со акцент за унапредување на менталното здравје кај децата и адолесцентите. Исто така, се разговараше за зголемување на процентот на имунизацијата за редовните вакцини и други активности, кои ќе го подобрат квалитетот на здравствените услуги, здравјето и благосостојбата на децата во нашата држава.
/**
*/