Можеби звучи како болест од минатото, но туберкулозата (ТБ) претставува проблем и денес. Како и со сите здравствени состојби, превенцијата е секогаш подобра од лек. Иако не постои сигурен начин целосно да се спречи ширењето на туберкулозата во овој момент, постојат голем број мерки што може да се преземат за да се намали ширењето на оваа болест. Туберкулозата е излечива болест што ја предизвикува инфекција со бактеријата Mycobacterium tuberculosis. Болеста обично ги оштетува белите дробови, но некогаш може да оштети и други делови од телото, на пример, лимфните жлезди, бубрезите, коските, итн.BcG вакцината штити од тешки форми на туберкулоза и е безбедна и ефикасна, особено за децата.
Како се пренесува туберкулозата?Лицето кое ја има активната форма на болеста во белите дробови може да ја пренесе низ воздухот на другите лица со кои е во близок контакт.Кога заразените со активна форма на болеста кашлаат, киваат или плукаат, исфрлаат бацили-микроби на ТБ во воздухот. Едно лице е потребно да вдише само неколку од овие бактерии за да биде заразено. „Активна“ значи дека микробите на ТБ се размножуваат и се шират во вашето тело. Затоа, лекарите ги советуваат оние кои имаат активна туберкулоза да останат дома и подалеку од другите луѓе колку што е можно повеќе, се додека не бидат повеќе заразни за околината. Околу една четвртина од светската популација има латентна ТБ, што значи дека луѓето биле заразени со ТБ бактерии но сѐ уште не се заболени од оваа болест и не можат да ја пренесат истата.
Како да ја препознаете?Кога некое лице развива активна болест на ТБ, симптомите како треска, кашлица, ноќно потење или губење на тежина можат да бидат лесни-непрепознатливи неколку месеци.