Трет симпозиум на Македонското невролошко друштво и Прв меѓународен конгрес на секцијата на медицинските сестри во оваа област, кој е посветен на новините во третманот и негата на невролошките пациенти. На овој симпозиум присуствуваше и имаше свое обраќање министерот за здравство д-р Фатмир Меџити.
![Можно е да е слика од 1 лице, учење и текст](https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/347389159_640214511468768_1537919665924253893_n.jpg?_nc_cat=106&ccb=1-7&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=yoPnU7ZxNRYAX-3C6E0&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AfBzzN2uQT-WM5uoU8ammQC2jHeQMt3e5GJxebUVLcdRWQ&oe=64881F8B)
– Моите колеги во своите предавања се осврнаa на бројни актуелни теми, меѓу кои невродегенеративни болести, ризик фактори за цереброваскуларни болести, како и нивна превенција, теми од областа на мултипла склероза, епилепсии, и други значајни теми. Особено значајно е што една сесија од симпозиумот е посветена на младите невролози. Тоа е иднината на развојот на оваа специјалност и иднината на здравствениот систем, посочи Меџити на овој Симпозиум.