УК ЗА ПСИХИЈАТРИЈА ПРВ ЗДРАВСТВЕН ОБЈЕКТ КОЈ ЌЕ ЈА ПОДОБРУВА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ

Објектот на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје ќе биде комплетно реновиран и ќе стане енергетски ефикасен преку проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира преку Светска банка, а го спроведува Министерството за финансии, во соработка со Министерство за здравство. Градежните работи почнуваат денеска, на 15 мај и се очекува за пет месеци објектот да го добие својот нов лик.

Универзитетската клиника за психијатрија е првиот објект од вкупно 18 здравствени објекти кои треба да бидат опфатени со проектот во компонентата наменета за подобрување на енергетската ефикасност на објекти од централно ниво.

Основни цели на проектот се намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор и поддршка за воспоставување и операционализација на одржлив механизам за финансирање на енергетска ефикасност во јавниот сектор. Инвестициите во обновливи извори на енергија и зголемувањето на енергетската ефикасност на објектите и на локално ниво и на централно ниво, како и во индивидувалните објекти особено се покажа за значајно во време на енергетска криза.

Инаку, во Универзитетската клиника за психијатрија преку проектот ќе биде заменета електричната инсталација, осветлувањето, системот за греење, ќе биде поставен централен систем за ладење, ќе биде поставена термоизолација на објектот, ќе се изврши реконструкција на кровот, замена на прозорците и вратите и слично.

За време на реновирањето пациентите од оваа Клиника ќе бидат хоспитализирани во Психијатриската болница-Скопје и одделот за психијатрија во Градската општа болница „8 Септември“, за што овие установи имаат доволно капацитети. Детскиот оддел привремено ќе функционира во ГОБ „8 Септември“-Скопје.

Распоред за работа на клиниката за период на реконструкција во прилог

Бр.ОдделениеИнституција каде е преместеноАдреса на институцијатаКонтакт тел.
    1  ЕЕГ и биофидбек, ургентна амбуланта и конзилијарни прегледи за Универзитетски клиникиПостојна амбуланта на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија-СкопјеУл. „Белградска“бб  075-456-917
    2Детска и адолесцентна психијатрија-хоспитален делГОБ 8 Септември-Скопјe, оддел за психијатрија (8 кат)Ул. „Париска“бб Скопје  070-377-390
    3Детска и адолесцентна психијатрија-Кабинет за невроразвојни растројстваЗавод за ментално здравје „Младост“-СкопјеБул. „Партизански Одреди“, бр. 60а Карпош 2    070-377-390
  4  Редовни амбулантиамбуланта Тафталиџе-Здравствен дом СкопјеБукурешка бр.2, Тафталиџе  071-208-282
  5  Дневна болницаЦентар за ментално здравје „Идадија“-Скопјеул. Коле Неделковски 52, Сkопје  070-255-436
  6Администрација на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатријаЈЗУ Завод за рехабилитација на слух говор и глас Скопје  Ул. „Белградска“ бб  076-456-303
Сподели на:

Related Posts