УНАПРЕДУВАЊЕТО НА ТРЕТМАНОТ НА ЛИЦАТА СО ХИВ Е ЕДЕН ОД ПОЗНАЧАЈНИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Унапредувањето на третманот на лицата со ХИВ е еден од позначајните приоритети на Министерството за здравство, а со тоа и на Владата на Република Македонија која годинава ги презема обврските за обезбедување терапија за овие лица, кои во претходните години беа потпомогнати со грант на Глобалниот фонд.

За оваа програма, денес пред медиумите говореше и д-р Милена Стевановиќ, национален координатор на националната комисија за заштита на населението од ХИВ инфекција „Во рамки на Програмата за превенција од ХИВ, која постои од 1987 година значаен сегмент е едукацијата за превенција, која е неопходна за секој поединец. Државата ја презема одговорноста за превенција од ХИВ, во чии рамки е и правилната употреба на кондоми и лубриканти, како значаен сегмент од активностите за превенција на ХИВ инфекцијата. Во овој вид едукација е вклучен секој здравствен работник, во рамки на здравствениот систем.

Суштината на соработката со невладиниот сектор е да стигнеме до секој граѓанин кој има можност да праша и да се разбие стигмата во врска со ова заболување“, изјави д-р Стевановиќ

Токму во овој процес, граѓанските организации се клучни партнери на Министерството во националниот надзор за одржување на ниската стапка на ХИВ и туберкулоза во државата.

Набавката се прави согласно програмската активност на Здружението, во рамките на програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција за 2018 година, која што се спроведува во согласност со Националните стратешки интереси во однос на превенција и лекување на ХИВ инфекцијата, како и препораките од организациите од Обединетите Нации.

За потсетување, овие средства се обезбедени во рамки на Програмата на Министерството за здравство за заштита на населението од ХИВ инфекција за 2018 година.

Најголемиот дел од обезбедените средста се користат за набавка на антиретровирусна терапија и тестови за следење на ХИВ-инфекцијата за лица кои живеат ХИВ, а дел од средствата се за набавка за антиретровирусна терапија и тестови за следење на ХИВ-инфекцијата за лицата кои живеат со ХИВ.

Останатите средства во мал износ се распределуваат по јавни здравствени установи и невладини организации избрани на јавен повик преку Министерство за здравство, кои во рамките на своите програмски активности вршат услуги од типот бесплатно советување и тестирање.
Во рамките на програмската активност за која што граѓанската организација „ЕГАЛ“, објавува тендерска постапка за набавка на лубриканти е во согласност со програмските услуги кои што невладиното здружение треба да ги испорача на засегнатите клучни популации: мажи што имаат секс со мажи, сексуални работници, како и лица што живеат со ХИВ, за коишто и всушност биле избрани на избран јавен повик преку Министерство за здравство.

Употребата на кондоми и лубриканти се најдостапен начин да се спречи ширењето на ХИВ инфекција и други сексуално преносливи болести. Покрај овој начин, Министерството за здравство преку оваа програма спроведува континуирана медицинска едукација за заштита на целото население од ХИВ инфекција и други сексуално преносливи инфекции.

Сподели на:

Related Posts