Во хоспис центарот Сју Рајдер во Битола, кој е дел од Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина ,,13 ноември” Скопје, беше свечено отворен интернистички кабинет со дневна болница, кој покрај здравствената грижа за хоспитализираните пациенти ќе нуди и здравствени услуги за останатите пациенти со закажување прегледи преку системот ,МојТермин.
На присутните вработени и гости се обрати директорката, д-р Салија Љатиф Петрушовска, која даде осврт на динамиката и заокружувањето на оваа инвестиција.
На настанот присуствуваше и заменикот министер за здравство, д-р Владимир Рендевски, кој ја истакна важноста на овие интернистички амбуланти во рамки на ваквите установи за палијативна и гериjaтриска нега од значење што значително ја олеснуваат здравствената услуга за овие хоспитализирани пациенти.
Рендевски во име на Министерството за здравство ја потенцираше поддршката за отворање и невролошки кабинети во овие установи, бидејќи голем дел од згрижените пациенти имаат и придружни болести на нервниот систем.