Мој Термин
Интегриран национален систем за електронско закажување и евидентирање
на медицински интервенции
Министерството за здравство заедно со своите клучни партнери, Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Институтот за јавно здравје, а во непосредна соработка со здравствените установи и институциите од сите сегменти на здравствената заштита, интензивно работи на процесот на информатизација на здравството.
Пред сите е поставена висока цел – да се воспостават автоматизирани процеси на работа во ординациите од сите нивоа на здравствена заштита, здравствената администрација и аптеките.
Цели:
- Намалување на метежот и редиците на чекање во амбулантите во здравствените установи
- Унифицирани и веродостојни бази на податоци
- Брзо и едноставно евидентирање и запишување на податоци за пациентите
- Градење на електронски здравствен картон (досие)
- Квалитетна здравствена услуга, за сметка на намалена административна работата
- Формирање на детален распоред за прием на пациенти кај сите доктори
- Воведување на нови работни процеси преку воведување на електронски здравствен картон, електронски рецепт, електронски упат, електронско закажување на прегледи и други услуги
- Намалување на бројот на двојни прегледи и интервенции
- Брза комуникација и консултации помеѓу примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита,
- Поквалитетна услуга и намалување на ризикот од погрешни стручни одлуки
- Финансиска заштеда преку преоѓање на електронско работење со електронски документи кои ќе ги заменат досегашните хартиени упати и рецепти
- Точни и навремени податоци за сите сегменти кои ги опфаќа здравствениот систем
- Можност преку Интернет граѓаните да пристапат на сигурен начин до сопствените податоци и корисни информации.
Во насока на исполнување на овие цели во тек е изградба и имплементација на повеќе софтверски решенија и системи:
- Национален систем за електронско закажување на интервенции и прегледи – Мој Термин
- Воведување на Електронски упат (Е-упат) со уникатен број на упат поврзан со Фондот за здравствено осигурување
- Воведување на Електронски рецепт (Е-рецепт)
- Електронски медицински дневник за евидентирање на медицински интервенции извршени над пациентот
- Електронски здравствен картон (досие) за пациентите
- Електронски индивидуални здравстевни обрасци и извештаи (35)
- Balance Score Card – систем
- Систем за пресметка на плата – Плаќање по учинок
- Регистар на лекови и виртуелен магацин
- Регистар на здравствени установи
- Електронска здравствена картичка (ЕЗК)