РЕГИСТРИРАНИ СЕ 725 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 100.632, ОЗДРАВЕНИ СЕ 215 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ СЕ 13 ЛИЦА

Во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 274, Прилеп – 79, Кавадарци – 55, Тетово – 39, Куманово – 34, Охрид – 29, Гевгелија – 26, Неготино – 25, Велес -24, Штип -20, Гостивар -18,  Битола -16, Струмица – 13, Кочани – 12,  Струга и Крива Паланка  – по 11, Богданци – 6, Крушево – 5, Ресен – 4, Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Демир Капија – по 3, Кичево – 2, Берово – 1.
Регистрирани се 215 оздравени пациенти од:Скопје – 125 , Прилеп – 19, Кавадарци – 13, Струмица – 9, Велес – 6, Битола – 5, Тетово, Куманово и Неготино – по 4, Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Кичево и Радовиш – по 3, Гостивар, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар – по 2, Кочани, Крива Паланка и Виница – по 1.  
Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје  (85г, 78г, 72г, 64г) и Куманово (70г, 63г, 57г, 50г) и по еден пациент од Тетово (66г), Прилеп (72г), Битола (71г), Велес (75г) и Пробиштип (83г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Направени се 3.342 тестови преку: ИЈЗ-1029, ЦЈЗ Скопје-86, Авицена-268, Биотек-337, Жан Митрев (Филип Втори)-116, Систина-218, Лаор–183, МАНУ-0, Судска медицина-10, ЦЈЗ Битола-92, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-45, Ремедика-23, ИБЗД Козле-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 903, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-5, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.

Сподели на:

Related Posts