СО ЈАПОНСКИ ГРАНТ ОБЕЗБЕДЕНА НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ЗА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ, ИНФЕКТИВНА И ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“
Министерот за здравство, Беким Сали, денеска ја посети Клиниката за хируршки болести, заедно со заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, и амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада, по повод обезбедена нова медицинска опрема од социо-економскиот грант од Јапонија. Станува збор за опрема за третман на пациенти пост-ковид, која се состои од дефибрилатори, електрокардиограми, […]