Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска одржа средба со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние. На средбата стана збор за можностите за соработка во повеќе сегменти на здравствениот систем, меѓу кои здравствената инфраструктура, нова опрема, како и во делот на едукација на кадарот. Посебен фокус беше ставен на размената на искуства меѓу двете земји, со цел унапредување на вештините на медицинскиот кадар во јавните здравствени установи во Македонија.
/**
*/