Државниот секретар, д-р Владимир Милошев денеска учествуваше на промоцијата во организација на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот по повод нејзино прогласување за Центар за извонредност во грижата за дијабетесот во рамки на Интернационата федерација за дијабетес.
Дијабетесот е хронично заболување кое зема сè поголем подем во светот, но и кај нас во Македонија. Бројот на регистрирани лица со дијабетес кои се на инсулинска терапија во моментов во Република Македнонија е 40.000 од кои 3,000 се лица со тип 1 дијабетес и 37.000 со тип 2.
За таа цел, Министерството за здравство на годишно ниво изготвува посебна програма за обезбедување инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и едукација за третман и контрола на дијабетесот. Оваа година програмата изнесува 620 милиони денари.
Тој истакна дека безбедувањето инсулинска терапија, програмата опфаќа и камп за едукација на деца со дијабетес, едукација за исхрана и физичка активност во образовните установи, како и изработка на едукативни материјали за подигнување на свесноста за дијабетесот.
Сеопфатната грижа за овие пациенти и едукација на здравствениот кадар како и подигнување на свеста кај пациентите е основна заложба на Министерството за здравство и на Клиниката.