ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН БЕЗ ТУТУН

Под мотото „Избери здравје, а не тутун“, Министерството за здравство и годинава во соработка со Светската здравствена организација и Институтот за јавно здравје традиционално го одбележува Светскиот ден без тутутн.

Со оваа кампања и со заеднички заложби на сите засегнати страни во превенција и намалување на употребата на тутун, можеме многу да постигнеме во унапредување на здравјето на сите граѓани која е најважна инвестиција во општествено-економскиот развој на секоја држава, изјави министерот за здравство, д-р Венко Филипче.

Министерот потенцираше и дека употребата на тутун и изложеноста на пасивно пушење придонесуваат за приближно дванаесет проценти од сите смртни случаи кај срцеви заболувања, а елиминирање на употребата на тутунот може да заштити милиони луѓе да умрат од срцев и мозочен удар.

Д-р Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје посочи дека според СЗО пушачите два до четири пати почесто страдаат од срцев и мозочен удар за разлика од непушачите, додека пасивните пушачи имаат 25 до 30 проценти зголемен ризик.

Сподели на:

Related Posts