Клиниката за дигестивна хирургија доби нов изглед со што значително се подигнати стандардите за лекување и третман на пациентите во оваа установа, со што пациентите имаат значително подобри услови за лекување и третман.
Министерот за здравство, д-р Венко Филипче ја посети оваа клиника, а директорот Зоран Караџов, му ги презентираше сите новини на одделенијата.
Оваа клиника е успешен пример, како со добро менаџирање и заедничка соработка, може да се унапредат условите за престој и третман на пациентите.
Станува збор за реновирање на двата спрата на Клиниката за дигестивна хирургија, односно оддел А и оддел Б. Заменети се сите прозори и влезните врати во собите, но и нова влезна врата на сензор.
Покрај ова, направена е и комплетна промена на таванот, заменети се и реновирани сите тоалети и нови санитарии.
Во рамки на реконструкцијата, напрaвени се нови пултови, поставени се нови држачи во ходниците.
Одделението е реновирано со помош на Јапонска амбасада, но и со донации од општествено одговорни компании и лица.