ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ ПОДГОТВЕНИ ЗА ЕВЕНТУАЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ВО ЗЕМЈАВА

Министерството за здравство информира дека будно се следат состојбите со грип во земјава и дека се подготвени за евентуално зголемување на бројот на  лица заболени од оваа болест.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, составена од стручни лица од надлежните здравствени установи, будно ја следат состојбата со грип во државата. Напоменуваме дека капацитетите на здравствените установи се доволни и за евентуален пораст на бројот на заболени од грип, што е очекувано за овој период од годината.

Имајќи ги во предвид искуствата од претходните години, очекуван е тренд на пораст, посебно во тек на февруари и март, кога ова заболување вообичаено е присутно со повисок интензитет.

Во врска со снабденоста со лекови, информираме дека има доволно количини од лекот „тамифлу“, како и доволен број средства за дезинфекција и заштитна лична опрема. Воедно, потсетуваме дека при првите симптоми на грип, потребно е граѓаните да се консултираат со стручните лица и да не користат лекарства на своја рака.

Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата со грип во државата и јавноста навремено и постојано ќе биде информирана за тековната состојба. Заложба на Министерството и сите здравствени установи е што поуспешно менаџирање на предизвиците во сезоната на грип.

Сподели на:

Related Posts